Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Денеска почнува вакцинација против сезонски грип во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде не се врши вакцинација против Ковид-19.

Набавени се 40 000 четириваленти вакцини, а граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk ќе добијат СМС пораки во кои ќе им биде напишан датумот, часот и местото за вакцинација.

„ Ќе има и теренска вакцинација и тоа во домовите за стари лица, центрите за дијализа, за здравствените работници ќе се организира пункт во Институтот за јавно здравје, а во Скопје каде се очекува и најголем притисок за вакцинација освен во Центарот за јавно здравје од поликлиниките за вакцинација за сезонски грип ќе бидат наменети тие во Ѓорче Петров, Бит Пазар и во Идадија“ истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Ставот на Националниот комитет за имунизација е дека нема никаков ризик ако двете вакцини таа за сезонски грип и за Ковид-19 се примат во исто време, а ако не се примат во исто време нема разлика колкaв временски период ќе биде дистанцата меѓу двете вакцинации.

Можеби ќе ве интересира

Неколку улици во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај: за утре најавен протест на ССМ

C +

Мицкоски: Нема да има мигранти, тоа е измислена тема на Венко

C +

Филипче: Ние немаме работа со политички неистомисленици, туку со мафија

C +