22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ефикасна и евтина состојка од кујната која ќе ви ја ОЖИВЕЕ вашата коса

Страдате од првут или безживотна коса без сјај, иако сте пробале безброј препарати кои ветувале чуда? Можеби не знаете, но јаболковиот оцет е навистина најдобрата храна од кујната која можете да ја искористите за убавина на вашата коса.

Да, овој пијалок полн со здравствени придобивки (и специфичен мирис) ќе и даде на вашата коса дополнителна доза сјај и ефикасно ќе ја ослободи од првутот, како што докажаа многу корисници на TikTok кои се колнат во јаболковиот оцет со кој ја плакнат косата после миење со шампон или го држат за косата како регенератор кој подоцна се исплакнува.

Органскиот јаболков оцет се добива од шира од органски јаболка на кои се додаваат бактериски култури. За време на процесот на ферментација, алкохолот се претвора во оцетна киселина. „Обичниот“ јаболков оцет се прави од остатоци од јаболка, а киселината се додава вештачки.

Како брзо да се ослободите од првутот?

Јаболковиот оцет е богат со витамини Б и Ц, минерали, биотин и фолна киселина, а сето тоа помага против опаѓање на косата, коса без сјај, а патем го зајакнува коренот на косата и нежно го чисти скалпот. Како работи? Јаболковиот оцет ја затвора надворешната кутикула на косата и на тој начин дава сјај за сите типови коса – навистина може да им користи на девојките и жените со кадрава коса чија кутикула е често груба и оштетена. И не грижете се: јаболковиот оцет е кисел, но не влијае на pH вредноста на скалпот или обоената коса, па затоа е погоден за сите типови коса.

Како да користите „балсам“ со јаболков оцет?

Прво измијте ја косата со шампон. И многу е важно да се нагласи: никогаш не користете чист јаболков оцет и секогаш мешајте го со вода! Најдобра количина: 2-3 лажици јаболков оцет на 1 литар вода. Смесата прелијте ја по целата глава, масирајте, оставете да се исуши на воздух и потоа добро исплакнете. Совет: Смесата можете да ја истурите и во шише со спреј и да ја испрскате косата. Овој третман со јаболков оцет можете да го нанесувате на вашата коса два пати неделно и многу брзо ќе забележите промена.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕСНО И ЕДНОСТАВНО – Направете ваш природен спреј за коса

M T

Откриена вечната мистерија – Еве дали со сечењето на косата го забрзуваме нејзиниот раст

M T

Трик кој открива дали вашата коса е подготвена за промена

M T

Тест со чаша вода: Еве четири начини да бидете сигурни дека вашата коса е здрава

M T

Мажите преплашени: Дали мастурбацијата навистина предизвикува ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА?

M T

Повеќе штета отколку добро: Три работи во домаќинството кои никогаш не треба да се чистат со оцет

M T