24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пропадна опозициската иницијатива за рушење на власта – Џафери се врати во собранието и ја затвори седницата

Претседателот на Собранието Талат Џафери се врати во Собранието за да ја затвори седницата на која требаше да се гласа за доверба на Владата, откако пратениците од опозицијата одлучија да го напуштат законодавниот дом.

– Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да се отвори дебата, според деловникот околу иницијативата за гласање на доверба на Владата, имајќи предвид дека надминува времето, во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека на Владата не и е изгласана иницијативата за доверба на Влада. Владата продолжува да работи во полниот состав. Констатирам дека седницата е завршена, рече Џафери.

Собранискиот спикер претходно рече дека ќе ја затвори седницата, бидејќи за тоа има процедура.

Запрашан дали знае каде се наоѓа пратеникот Кастриот Реџепи, Џафери рече дека има надлежни институции кои би требало тоа да го знаат.

На затворањето на седницата вечерва беа присутни само пратеници на власта, како и премиерот Зоран Заев.