Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Позната е причината зошто Мицкоски е сликан во болничка постела – тој од болница ги обвини СДСМ и ДУИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва имал мал оперативен зафат на Клиника во Скопје.

Тој на Фејсбук објави фотографија од болнички кревет заблагодарувајќи им се на докторите. Рече дека му била извршена лесна хируршка интервенција, но не откри за што станува збор.

Според информации на медиумите, отстрането му било масно ткиво од вратот.

Мицкоски не заборави од болница да ја обвини СДСМ:
– Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… 🙂 после 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично, напиша на фејсбук објавувајќи две фотографии.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК