Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Селими: Нездрави се шпекулациите дека некој го киднапирал Реџепи со целото семејство

Повеќе време не живееме во нормална држава. Не би ме изненадило доколку не се случи нешто ново до полноќ. Ненормалното стана нормално, вели политичкиот аналитичар, Сефер Селими во емисијата „Топ тема“.

Според него, генералниот секретар на БЕСА и министер за земјоделство Аријанит Хоџа го кажал својот став и се сокрил во партиската канцеларија, од каде што воопшто не излегува.

-Него владиниот партнер СДСМ му обезбеди уште тројца пратеници. Не можам да замислам дека некој во ова време, во земја-членка на НАТО може да киднапира пратеник со цело семејство и се да помине без реперкусии за нарачателот и државата. Ова се нездрави шпекулации кои нанесуваат штета на довербата на граѓаните, потенцира Селими.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +