Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петровска: Следната влада ќе биде предводена од СДСМ

„Доколку утре се изгласа недоверба на владата на СДСМ, течат рокови за нова политичка Влада, која повторно ќе биде предводена од страна на СДСМ“ кажа пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека оставката на претседателот на партијата Зоран Заев е тргната на страна, додека не се стабилизира парламентарното мнозиснтво, кое повторно ќе биде предводено од СДСМ и коалицијата во рамки на сегашните партнери со можност за дополнотелно проширување од партии кои се согласуваат со ставовите и принципите на коалицијата.

„Доколку утре падне Владата се отвораат нови рокови и одење на чекор два, за кој ВМРО-ДПМНЕ нема одговор, а ние имаме. Доколку се случи тоа следува обид за формирање на нова Влада, предводена од онаа партија што има парламентарно мнозинство, односно течат рокови за нова политичка влада, која повторно ќе биде предводена од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК