18.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Јаулески ја излажа македонската јавност: Тој има закуп на стан во Скопје, платен од Собранието и не живее во станот каде што се вршеа претреси за големата истрага за корупција

– Пратеникот Јован Јаулевски има закуп на друг стан којшто го плаќа Собранието, стан број 19 (договор) и за кој месечно граѓаните му плаќаат 330 евра закупнина (Собранието плаќа). Дополнително Јаулески зема и патни трошоци за патување до Струга, објавено е со следните документи на социјалните мрежи.

Станот во кој е извршен претрес е сосем друг и е еден до становите кои биле претресувани од страна на финансиската полиција поради сомнение за огромна корупција. Наводно во тој стан живеело лице кое било татко на пратнеикот од ВМРО ДПМНЕ, Јован Јаулески.

– Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела, соопштија од Финасиска полиција.

Претходно Јован Јаулески и функционери во ВМРО ДПМНЕ се обидоа да направат саботажа и да дадат политички контекст на истрагата за големиот корупциски скандал, кој одекна како бомба во јавноста.