Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Финансова полиција: Не знаевме дека домот е на таткото на Јаулески, се работи за голем предмет

Вистина е дека утринава имавме претрес во дом во Скопје, но не сме знаеле дека тоа е домот на таткото на пратеникот Јован Јаулески, велат за „Слободен печат” од Управата за финансова полиција.

– Претресот е извршен со наредба од суд, а во соработка со Обвинителството на Северна Македонија додаваат од финансовата полиција.

Од Управата за финансиска полиција велат дека нaскоро ќе излезат со официјално соопштение за случајот и додаваат дека станува збор за многу голем предмет. Теткото на Јаулески е раководител на секторот за јавни набавки во ЕВН.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески објави дека рано утрово во домот на неговите родители влегле припадници на финансиската полиција и извршиле претрес.Тој за настанот информира на неговиот Фејсбук профил каде напиша „од 5.30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција”.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК