Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Брзо и ефикасно издавање пасоши во нашата амбасада во Берлин

Воспоставувањето на базната станица за издавање на патни исправи во македонската амбасада во главниот град на Германија започна да ги дава првите резултати, соопшти Министерството за надворешни работи.

„ За помалку од еден месец, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа“, тврди нашиот амбасадор, Рамадан Назифи. Амбасадорот нагласува дека со базната станица се надмина еден од најголемите и најгорливи проблеми со кои дијаспората и амбасадата се соочуваа.

За ефикасниот и олеснет процес на добивање патни исправи во амбасадите со помош на новиот систем, сведочат и нашите државјани кои веќе ги имаат почувствувано овие бенефиции. Покрај многуте позитивни коментари кои пристигнуваат од дипломатската мрежа, но и од дијаспората се нагласуваат придобивките од подигнувањето на новата патна исправа во амбасада, без потреба од дополнителни трошоци и патување во матичната земја, велат од МНР.

„ Во оваа насока, за првпат, во нашите амбасади и конзулати беа воспоставени девет базни и четири мобилни станици, а заложбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи е да го унапредува овој проект и во наредниот период, со зголемување на опфатот на амбасади, кои ќе ги даваат овие услуги за нашите државјани“ се наведува од министерството.

Можеби ќе ве интересира

Акција на полицијата во Скопје: Апсења и заплени на повеќе точки во градот

ДЕСК

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК