27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО-ДПМНЕ се закануваше на осум свои пратеници за сега лажно да обвинува други

Само три години поминаа од заканите по живот упатени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните симпатизери до пратениците кои гласаа за уставните измени. Тие пратеници тогаш бараа полициска и заштита од странските дипломатски претставништва, плашејќи се за своите животи. Сепак денес, токму заканувачите од ВМРО-ДПМНЕ се тие кои обвинуваат дека некој друг прави притисоци и закани кон пратеници.

Пратениците кои гласаа ЗА Договорот од Преспа во Собранието во 2018 година беа чувани од полиција поради заканите на социјалните мрежи, но и нивните телефони кои го добиваа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивните поддржувачи.

Пораките со заканите по нивните животи, пратениците тогаш ги споделуваа со нивните колеги, но и пред меѓународните претставници и новинарите. Во некои од заканувачките пораки на смс, вибер и на воцап се споменувани и деца.

Сега, свесни дека замисленото парламентарно мнозинство на Мицкоски и Апасиев не постои, ВМРО-ДПМНЕ со партиско соопштение се обидува да протне приказна дека СДСМ вршеле притисоци и закани на пратеници. Обидувајќи се да ги прикријат своите методи, опозиционерите ги обвинуваат другите за тоа што тие го прават.

Можеби ќе ве интересира

Реакција од Министерството за одбрана на соопштението од политичката партија СДСМ

ДЕСК

Народот денес е побогат од времето на СДСМ, тврди ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

До петок сончево, од сабота невреме – Метеоцентар со четиридневна прогноза

ДЕСК