23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се закануваа по животот на осум пратеници, сега ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека други се заканувачи

Свесни за непостоењето на парламентарно мнозинство кое го ветија Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение се обидува да ги обвини СДСМ дека вршат притисок врз пратениците. Сепак, граѓаните добро се сеќаваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци и делеше закани по живот на пратениците кои гласаа за уставните измени во 2018 година.

Пратениците кои гласаа ЗА уставните измени во 2018 година добиваа разни закани по нивните животи, но и по животите на нивните деца и семејства од симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите пораки, пратениците тогаш ги споделуваа со нивните колеги, меѓународните претставници и новинарите.

Сега, кога парламентарното мнозинство најавено од Мицкоски и Апасиев го нема, ВМРО-ДПМНЕ се обидува своите тактики на притисок и заплашување да ги препише на друг. Тие се обидуваат да креираат наратив дека некој друг врши притисок на пратениците.

На овој начин, обвинувајќи друг за тоа што тие го прават, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го оправда повторното лажење и манипулирање на народот, дека оствариле ново парламентарно мнозинство, најава која неколкупати беше побиена во изминатата година.

Спонзорирано: