27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Средба Наумоски – Граф: Најавена реализација на значајни проекти во дуалното стручно средно и високо образование

Претставникот на германскиот капитал на Хајделебрг Институтот во Скопје и претседател на Академскиот совет во Академијата за банкарство – АБИТ, проф. д-р Синиша Наумоски оствари работна средба со Ото Граф, заменик- амбасадор и раководител на економскиот оддел во Амбасадата на С.Р. Германија. Граф е голем поддржувач на Хајделберг Институтот во напорите за имплементирање на дуално средно и високо образование во Скопје, а на работниот доручек била најавена и можноста за реализација на неколку значајни проекти во дуалното стручно средно и високо образование во земјите од Западен Балкан.

На состанокот, заменик-амбасадорот Граф беше информиран за официјална средба на проф. Наумоски со владините претставници на сојузната покраина Баден-Виртемберг, која се одржува во Хајделебрг, Манхајм и Франкфурт. Целта на овие состаноци е основање на филијала за дуално образование (средно и високо) за земјите од Западен Балкан со седиште во Скопје, а под менторство на веќе отворениот германски институт Хајделберг за Западен Балкан, информираат од Институтот.

За време на работната средба, била предадена програма и јасно нагласени идните чекори за имплементација на таквите проекти, при што, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје дала силна поддршка за забрзување на процесите во таа насока.

„Со тоа, не само во Скопје, ваквите иницијативи, ќе бидат поддржани во Белград и Загреб, со што, уште еднаш беше потврдена поддршката од Хрватската амбасада во Скопје, како и најавена засилена соработка со германската комората „AХК“ во Скопје и Белград. Исто така, беше нагласена и потребата т.е. побарувачката на стручен кадар од страна на сите германски компании во слободните економски зони во земјите од Западен Балкан и можностите, тие, активно да ги поддржуваат иницијативите за нови едукативни проекти за дуално средно и високо образование“, информираат од Хајделберг институтот.