Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Градоначалникот на Кочани кој се онесвести на прес-конференција позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Кочани кој пред неколку дена се онесвести на прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска со ковид бил донесен на снимање во штипската болница, пренесе „Слободен печат“.

Според протоколот на Институтот за јавно здравје, контактите на заболените со ковид кои примиле две дози вакцина не одат во изолација.

Неофицијално, во општина Кочани имало средба со советници за примопредавање на функцијата каде не се почитувале мерките за заштита од ковид, односно не се носеле маски.

Љупчо Папазов е избран за нов градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори кои се одржаа пред две недели. Тој на прес-конференцијата во понеделникот пред седиштето на партијата стоеше зад Мицкоски, но во еден момент колабираше, по што прес-конференцијата беше прекината.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +