Centar.mk
БИЗНИС

Почина познатиот стопанственик Адем Кочан

По долго и тешко боледување, во Скопје денеска почина познатиот бизнисмен Адем Кочан.

Адем Кочан е роден во 1955 година во Рожаје, Црна Гора, а истата година со неговото семејство се преселиле во Скопје, каде завршил основно и средно образование, како и Економски факултет. По дипломирањето почнува да работи во тогашната Служба за општествено книговодство како финансиски инспектор. Во 1990 година ја отвора фирмата „Канет-компани” која што се занимава со консалтинг и книговодствени услуги. Веќе од првите години се покажува како успешен бизнисмен по што следи и развојот на фирмата и ширењето на дејноста во областите на земјоделството, градежништво, угостителство…

За својата работа добивал и бројни признанија. Во 2009 година неговото претпријатие „Агро Канет” беше прогласено за најуспешно во изборот на Македонската развојна фондација за претпријатија. Во 2017 година во Сараево го доби признанието за „Најменаџер на регионот” на подрачјето на Југоисточна и Средна Европа. Кочан беше и еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија, како пионер на приватната стопанска иницијатива и бизнис. Добитник е и на други признанија за иницијативност, инвентивност, претприемништво.

Во текот на својата работа, тој често беше и донатор и учесник на повеќе хуманитарни акции.

Простувањето од Адем Кочан ќе се изврши утре, 10 ноември, во 13:30 часот во џамијата во Бутел 1, а погребот во 14:30 часот на Градските гробишта во Бутел.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА – Дизелот достигна 100 денари, возачите утре ќе дознаат дали следува нова промена на цените

ДЕСК

УШТЕ 20 ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА – Најавено намалување на административните процедури

ДЕСК

ВОЛСТРИТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – Вредноста на технолошките акции се намали за илјадници милијарди долари

ДЕСК