14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици, запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра

На 07.11.2021 во 20.00 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е лишен од слобода М.П.(38), државјанин на Р.Албанија, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Р.Албанија во нашата држава.
Како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска, портпарол во Министерството за внатрешни работи, при извршен преглед во патничко возило „цитроен берлинго“, со албански национални ознаки, кое М.П. го управувал, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени пет торби со 100 пакувања марихуана, во вкупна количина од околу 100 килограми, со вредност од околу 350.000 евра. Оваа заплена е резултат на повеќемесечно следење на активностите на неколку албански државјани на територијата на државата кои биле инволвирани во недозволена трговија со наркотици.

М.П. е приведен и задржан во Полициска станица Охрид за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Охрид според член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

видео https://youtu.be/q8dk2Pmb-v8

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.