13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈА

Шокантно: Дел од пратениците кои вчера дале потпис за “мнозинството” на Мицкоски и Апасиев биле злоупотребени, тврди Митрески

– Добивам информации дека дел од вчерапотпишаните пратеници за гласање на наводна доверба на владата се злоупотребени и не се точно информирани со кого, односно со кои други партии од парламентот имаат т.н. заедничка цел. Со еден збор се злоупотребени, соопшти доцна попладнево Јован Митрески, координатор на СДСМ и коалиционите партнери во парламентот,.

– Остануваме отворени и ги повикуваме на соработка и одговорно застанување на страната на демократската опција сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок, порача Митрески, кој исто така потврди дека целата владејачка коалиција дава поддршка на актуелната власт.

– Сите, буквално сите даваат безрезервна поддршка и најостро ги демантираат конструкциите кои ВМРО ДПМНЕ ги прави со единствена цел да изврши притисок и да создава нереална еуфорија во јавноста, рече Митрески.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Миле Лефков со уште една прес конференција на истата тема: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ДЕСК

Лимани: Конечно го одблокиравме процесот на полагање стручни испити за добивање лиценци за работа во детските установи

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Здравството главен фокус на Владата, современи, модерни и достоинствени услови за пациентите и за работа на персоналот во Клиниката за урологија

ДЕСК