Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мнозинствата на Мицкоски со рок на траење до 24 часа

Премиерот Зоран Заев го исполни ветувањето и најави оставка по поразот на локалните избори. Од друга страна, Мицкоски неколку пати најави ново мнозинство и преземање на власта, но тоа никако да се случи.

Тој уште минатата година започна со најави дека ќе формира ново мнозинство, но тоа не станува реалност, па излегува дека секој месец до два манипулира со граѓаните. Последното ветување му беше пред локалните избори. Ама изборите поминаа, а мнозинството го нема.

Во текот на летото, премиерот Заев го прифати предизвикот и побара гласање доверба на владата, со што се покажа дека парламентарното мнозинство е стабилно.

Во петокот, Мицкоски објави дека има ново мнозинство, што беше демантирано веднаш по состанокот. Што значи дека и последната најава за мнозинство не траеше ниту 24 часа.

Тој потоа ретерираше и најави дека во наредниот период ќе преговара со парламентарните партии со цел да се обиде да формира влада. Се поставува прашањето дали доколку и овојпат не успее да формира влада и да собере мнозинство дали конечно ќе се извини на граѓаните и ќе се повлече.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК