Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Доколку Заев не поднесе оставка ќе изгласаме недоверба на Владата

Мнозинството што го договоривме вечерва значи дека оваа Влада предводена од СДСМ е минато, рече синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава за медиумите.

„Ја очекуваме оставката од Зоран Заев, која што ја најави. Доколку тоа не се случи, ќе поднесеме потапка со која ќе се изгласа недоверба на Владата“, објасни тој.

Според партискиот лидер, мнозинството договорено на вечерашната средба само гарантира дека Владата предовдена од Зоран Заев и СДСМ е минато.

„Очекуваме да ја поднесат оставката, а за сите останати детали ќе биде јавноста благовремено информирана“, посочи Мицкоски кој прашан дали со овој потег се отфрла можноста за предвремени избори, кажа дека сите опции и натаму се во игра.

„Едната опција е да се укрупни опозицијата и да се формира ново мнозинство кое ќе изгласа недоверба на Владата, доколку тактизира Зоран Заев со оставката, а второто е да одиме на брзи предвремени парламентарни избори“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави и прес-конференција во текот на утрешниот ден на која, како што нагласи, ќе се каже малку повеќе за новонастанатата политичка ситуација.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК