Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Апасиев: Новото мнозинство има 61 пратеник, со тенденција да стигне до 64

Претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, потврди дека е формирано ново парламентарно мнозинство.

Тој при излегување од Собранието изјави дека новото мнозинство има 61 пратеник, со тенденција, како што рече, да стигне до 64.

„Да. Имаме ново мнозинство од вечерва. Го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алтернативата, Алијансата, Левицата и Беса“, потврди Апасиев.

Коментар за најновите политички случувања тој даде и на социјалните мрежи.

„Со еден политички потег ги кутнавме оние што ни ги избркаа родителите од фабриките и кои Македонија ја претворија во башибозук!“, се наведува во неговата последна објава на „Фејсбук“.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО ГРУЕВСКИ ПО ДРАМАТИЧНИОТ ОРБАН: Анализа на можните сценарија

ДЕСК

ДРАСТИЧНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК