20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хоџа од БЕСА се заканува со уривање на владата откако ДИК прифати приговор на ДУИ за Желино

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, од редовите на БЕСА кој е дел од владината коалиција на својот „Фејсбук“ профил синоќа се закани со растурање на Владата.

– Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една влада, објави тој на социјалната мрежа.

ДИК прифати еден од двата приговори на ДУИ за Желино, општината во која кандидатот на Беса победи пред ривалот од ДУИ со само 69 гласа разлика, а сега може да дојде до прегласување.на избирачкото место на кое би се прегласувало се запишани 741 гласач, а во вториот круг гласале 340. Вториот приговор на ДУИ за Желино беше одбиен како неоснован