Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Калевска-Ванчевска: Да имаше Мицкоски мнозинство немаше да бара предвремени избори

За да се случи нешто спектакуларно треба опозицијата да има мнозинство и не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да најавува да направи ново мнозинство и тоа не може да се случи додека власта има стабилно мнозинство, без оглед на резултатите на локалните избори, не само СДСМ туку и коалиционите партнери потврдија дека има стабилно мнозинство, рече пратеничката од редовите на СДСМ и претседател на законодавно-правната комисија и член на комисијата за правен систем, Снежана Калевска Ванчевска во гостувањето на „Утински брифинг“.

-Ако имаше Мицкоски веќе обезбедено мнозинство во парламентот не би барал предвремени парламентарни избори, штом премиерот најав и оставка, со обезбедено мнозинство согласно уставот претседателот ќе го додели мандатот на тој што има мнозинство, затоа такво мнозинство нема и затоа Мицковски бара брзи предвремени парламентарни избори, а и за нив има рокови, рече таа.

Според Калевска-Ванчевска поради соработката со надворешниот фактор, како што е таа  со парламентот на Шведска и Франција, за пример е и европратеник од Холандија и нивниот став е дека на оваа држава не и требаат нови избори, бидејќи ова беа само локални избори.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК