Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата ќе ја одржи редовната 117. седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 117. седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Владата ќе ја разгледа и ќе ја стави на усвојување и Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план за вработување.

На дневниот ред на оваа седница, меѓу другото, е Информацијата за напредок во имплементацијата на Вториот проект за подобрување на општинските услуги заклучно со септември 2021 година.

На предлог на Министерството за надворешни работи, денеска пред министрите ќе се најде и предлог-законот за ратификација на договорите меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини, како и предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање за олеснување на патниот транспорт на стоки во регионот на Организацијата за црноморска економска соработка.

За донесените одлуки и заклучоци од владината седница, со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК