8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сред​ба на вицепремиерот Димитров со европратеникот Ројтен

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со Тајс Ројтен, пратеник во Европскиот парламент и член на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, во рамки на неговата работна посета на земјава.

На средбата беше дискутирано за трансформативната моќ на ЕУ во регионот во контекст на политиката на проширување и нејзината кредибилност, што особено се отсликува во случајот со Северна Македонија. Вицепремиерот Димитров истакна дека текот на евроинтегративниот процес има големо влијание врз случувањата во земјата и регионот кои се рефлексија и на опаѓањето на довербата во остварливоста на европското ветување.

Димитров: „Кога при исполнети услови и донесена одлука за почеток на преговори нема резултат, тогаш политиката на проширување е со главата надолу: наместо поддршка и зајакнување на трансформацијата и реформите, ефектот е обратен.“

Европратеникот Ројтен ја подвлече неговата лична поддршка, како и заложбата на Европскиот парламент за европското досие на Северна Македонија и регионот, препознавајќи ја неговата важност за иднината на Европа. Тој истакна дека ЕУ мора да направи повеќе за да ја докаже заложбата и ангажманот кон регионот, пред сé преку пристапниот процес на Северна Македонија бидејќи со посветеноста на европската агенда се исполнети сите услови за почеток на пристапни преговори.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.