Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Селмани за ТВ24: Се сомневам дека Заев ќе ја повлече оставката

Имер Селмани во емисијата 24 анализа потенцираше дека за јавноста се интересни сите значајни моменти како што е вчерашната оставка на премиерот Заев и резултатот од локалните избори и дека двете работи носат промени.

– Од избраните градоначални се очекуваат да ги остварат сите ветувањеа, зошто граѓаните кои ги гласале, пред една година, гласале поинаку. Никогаш не треба да се заборава дека граѓаните се тие кои даваат и земаат мандат. Да бидат внимателни во испораката на резултатите. Она што сите ги интересира е што ќе се случи со оставката на премиерот од партиската и премиерската функција. Коалициските партнери рекоа дека е избрзана и дека парламенталното мнозинство е кревко, но стабилно. Заев беше доста убедлив и се сомневам дека ќе ја повлече оставката.. – рече Селмани.

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Фокусот на мене е дефокус од мигранти за пари, криминал и корупција

ДЕСК

Калеска Ванчевска: Измените на Кривичниот законик спротивни на директивите на ЕУ, шминка за спас на криминалците на власт

ДЕСК

Странски државјанин осомничен за поседување оружје и напад на полицаец во Скопје

ДЕСК