13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Започна изборниот молк

Од ноќеска на полноќ започна изборниот молк за локалните избори, кој ќе трае до 19 часот на 31 октомври (недела).

Во текот на овие две недели за вториот круг од локалните избори, партиите и коалициите имаа можност повторно да ја претстават својата изборна понуда пред граѓаните.

Денеска во Македонија гласаат болните и немоќните, лицата кои се инфицирани со Ковид-19 или се во изолација, затворениците, лицата во притвор, во старски домови и внатрешнораселени лица.

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре.

Ќе се гласа во вкупно 44 општини, а право на глас имаат 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.

Нема да има гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус.

Во првиот круг беа избрани 32 градоначалници, како и членовите во општинските совети.

На изборите за првпат се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прсти.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: На Ќафасан откриена пастрмка скриена во автомобил – во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна

ДЕСК

Мицкоски: Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат на дијалог, на компромис и заедништво

ДЕСК

ЖЕГА: Како да се заштитиме од пеколните горештини кои деновиве ќе достигнат и над 40°C

ДЕСК