Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поради работа на пат пренасочен сообраќајот кај клучката Градско

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 во правец на Граничниот премин Богородица ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните три дена, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додаваат од таму.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК

СДСМ: Распишете референдум, граѓаните да одлучат за иднината на земјата

ДЕСК

Пратеничката Лукаревска на настани на ПССЕ во Атина посветени на човековите права и инклузијата

ДЕСК