3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зоран Стојковски: Гласав за Ана Петровска, сега ќе гласам за Шилегов

Основачот на консултантската организација ПРОЕФЕКТ Иново, Зоран Стојковски, поранешен проектен координатор во Програмата на УСАИД за граѓанско општество, обучувач и експерт за менаџмент на проекти, во објава на Фејсбук во пресрет на вториот круг од локалните избори споделува зошто во недела ќе гласа за Петре Шилегов.
Во неговата објава, Стојковски вели дека гласал за Ана Петровска во првиот круг, а сега ќе гласал за Шилегов, наведувајќи неколку причини:
– Понудата која Шилегов ја има за Скопје, според Стојковски, е поквалитетна и постратешки поставена од таа на Данела. „Скопје мора да продолжи напред“, е одлична, обединувачка порака на кампањата на Шилегов, која ја обединува развојната, зелената, дигиталната, транспортната, социјалната, здравствената, меѓуетничката и меѓународната агенда на градот за наредниот период. На другата страна имаме порака „Мора да ставиме крај на лошото менаџирање на градот“, со понуда за проекти кои се добро решени. Плус, оваа изјава доаѓа од човек кој и самата е просечен менаџер (поставена од Груевски, со наместено гласање пред очите на стотици присутни на изборно гласање за ССКМ), кој е неотчетен и транспарентен.

– Во интервјуата кои Стојковски ги гледал деновиве, Шилегов знае што зборува, прецизно ги опишува причините зошто не се реализирани ветените проекти, и кои се идните активности во градот. Данела не успеавме да ја видиме на предизборно соочување, а нејзините настапи беа полни со општи изјави и планови, повторуваше научени кованици на зборови, и иако се продаваше за позитивна личност, таа беше преполна со конфронтирачки и нервозни изјави.

– Проектите кои ги нуди Шилегов, се во насока со ЕУ приоритетите (на пр. истражувајќи деновиве Стојковски нашол дека за Рапид Бус Транзит системот, кој е во линија со приоритетите на зелената агенда на ЕУ, има проект во Програмата за иновации на ЕУ, Хоризонт Европа, кој планира да го објави следната година баш за РБТ системи, каде може да се добие грант од 20-25 милиони евра за 4 градови од Европа (и еден од други континенти), а Скопје може да аплицира и да биде еден од нив). Тие имаат обезбедено средства од ЕБОР, но за дигитализација на БРТ можеби треба да аплицираат таму за грант.

– Шилегов доби шлаканица од гласачите во првиот круг, и реакцијата му беше спремност за промена која може да се види во начинот на кој се претставува. Воопшто, партијата која ја претставува СДСМ, во неколку наврати прекина или промени свои одлуки, по притисок од јавноста, нешто што ретко се случуваше со В-Д кога беа на власт.

„Има уште многу да се пишува за тоа зошто гласам за Шилегов, а зошто не гласам за Данела, но веќе ги напишав моите ставови за нејзината лоша понуда во неколку наврати во претходни постови. Едноставно таа има уште можност да се профилира во сериозен кандидат за градоначалник или пратеник во иднина на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа епизода се виде дека со својата неискреност (и манипулации во претставувањето за нејзините планови), не успеа да го заведе плебсот за да биде прв човек на градот“, пишува Стојковски во својата објава на Фејсбук.