17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за Политика: Ако демократите останат дома, тогаш се враќаат националистите

– Народот прати прецизна порака. Ни кажа дека сака подобар перформанс од нашата демократска власт, а не сака да се врати ВМРО-ДПМНЕ. Но, во вториот круг народот треба да потврди дека правецот по кој се движиме е исправниот правец, бидејќи доколку се случи демократите да останат дома, тогаш се враќаат националистите, дури и со помалку гласови споредено со нивните порази во други изборни години, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за српска Политика.

Заев посочи и дека владината коалиција е стабилна и најави нејзино зајакнување.

– Коалицијата на Владата е стабилна и очекувам да расте. Не ни требаат нови избори. После долго време конечно имаме 2.5 години пред нас, период без избори, тоа е ретка можност. Тоа е она што го бараат граѓаните и она што е неопходно за економските перспективи. Јас цврсто стојам на тоа дека треба да се зграби оваа можност и државата веднаш после овие избори да продолжи напред кон раст на платите и пензиите и кон отворање на нови 150.000 работни места колку што имаме испланирано за следните години, рече Заев.

Спонзорирано: