22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Скопје добива мол во ранг на европска метропола

Денес во Скопје официјално е отворен ИСТ ГЕЈТ МОЛ, инвестиција вредна 103 милиони евра. Портата на новиот мол во Скопје е отворена за сите посетители, од земјава и блискиот регион, кои ги очекува најбогатата понуда за шопинг и забава во земјата и пошироко.

Од денес, Ист Гејт Мол е евидентен доказ на успешно имплементираниот план за зацртаната визија на креаторите да создадат еден сеопфатен гигант, кој што се простира на 5 нивоа, како и да го реализираат позиционирањето на главниот град на европската и глобална шопинг мапа.

Како новото срце на Скопје, Ист Гејт Мол од денес е новата дефиниција за оригинален, уникатен и повеќенаменски шопинг мол, на ниво на европските метрополи, а секако истиот се издвојува со модерен архитектонски концепт и нова генерација на ентериерен дизајн за комерцијални објекти, кои што го претставуваат молот во уникатно светло.

Проекциите навестуваат годишен број на околу 12 милиони посетители, а започнувајќи од денес, Ист Гејт Мол на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката, „Ти си центар“.

Во фокусот на ова мото се закупците и посетителите, кои се инспирација за сите активности на молот, кој што ги овозможува сите очекувања на посетителите во поглед на забава, гастрономија, услуги и место за секој ден. Накратко, — голема понуда на една нова шопинг престолнина.

Објектот на Ист Гејт Мол, лоциран на само 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, е создаден со помош од над 2.500 вработени, се одликува со гигантски размери на вкупна површина од околу 160.000 м2, како и на простор за закупување од околу 57.000 м2. Во склоп на истиот се простираат 2000 паркинг места, 220 продавници, кои нудат избор од над 600 брендови, од кои 40 се сосема нови, кои што за прв пат се претставуваат во земјата.

Меѓу многубројните брендови во молот, отворена e најголемата Zara продавница на Балканот, (Zara и Zara Home), како и препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset и многу други.

„Ист Гејт Мол од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетители од блиското соседство. Одговорноста да се отвори навремено Ист Гејт Мол е голема, а секако е навистина значителен успех и мое лично задоволство да се биде на чело на палката во менаџирање на почитување на сите рокови и правила во изградбата на овој прекрасен објект. Од денес, Ист Гејт Мол е центар на шопингот и забавата, како најновиот магнет за сите домашни и регионални посетители, кои со нетрпение ги очекуваме да им посакаме добредојде,“ изјави Игор Давков, Главен извршен директор на компанијата Скопје Ист Гејт.

Во претстојните месеци, јавноста може да очекува оригинални концепти и уникатни содржини за буквално сите генерации и вкусови, а истото ќе ја прикаже идејата на трансформирање и поврзување на Ист Гејт Мол како синоним за вистинска шопинг оаза на уживањето, која што секојдневно ќе се посетува од страна на илјадници посетители.

Од денес Ист Гејт Мол е шопинг дестинација со слух да го исполни сето она, кое што го посакува и очекува информираниот потрошувач на денешницата, кој за да го истражи секој коридор и продавница во молот, ќе му бидат потребни дури 18 часа.

„Со гордост ви посакуваме добредојде на отворањето на најголемиот трговски објект во историјата на оваа земја и еден од најдобрите трговски центри на Балканот. Сè започна со сонот за создавање на нова генерација на европски трговски центар на високо ниво, кој што овозможува работни места за над 1500 луѓе и за кој што сме сигурни дека ќе биде референтна точка не само за градот Скопје, туку и за голем дел од балканскиот регион. Како комерцијален проект, Ист Гејт Мол е дизајниран за луѓето како најпримарна важност, со поставување на нивните потреби и соништа во центарот на нашиот развој,“ изјави Сотириос Јанакудакис, менаџер на Ист Гејт Мол.

Ист Гејт Мол е инвестиција на Балфин Групацијата (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори како недвижнини, туризам, енергетика, банкарство, и многу други. Балфин Груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.

Инвестицијата на целокупниот проект Скопје Ист Гејт изнесува 350 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

209 сообраќајни прекршоци во Скопје

M T

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок (12, 13 и 14.10.2022) во Скопје

M T

174 санкционирани возачи во Скопје

M T

Ристо Пенов – таткото на современата функционалност на Скопје: Новата Автобуска, Водњанска, Плоштадот, стазата на Кејот…

CENTAR MKD

164 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

M T

108 санкционирани возачи во Скопје

M T