Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен разбојник, расчистени две разбојништва во Скопје

Денеска (29.10.2021) во 06.00 часот во с.Сингелиќ, скопско, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.Х.(21) од Скопје, поради сомнение дека е сторител на разбојништва, од кои едното во финансиско друштво на ул.„Методиј Андонов Ченто“, сторено на 27.10.2021, а другото во обложувалница на ул.„Маџари“ на 17.09.2021.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети од кривичните дела. Во службен разговор со полициски службеници тој ги признал делата и го појаснил начинот на нивно извршување. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК