Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во гевгелиско, пронајдена дрога, приведен дилер

Денеска (29.10.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишија од слобода Б.А.(21) од с.Миравци, гевгелиско. Имено, по претходно обезбедена наредба за претрес на дом и други простории издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес на домот кај Б.А., при што се пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана со вкупна тежина од 1,5 кг, дигитална вага и парични средства за кои постојат основи на сомневања дека потекнуват од продажба на марихуана.

Б.А. е приведен во Полициска станица Гевгелија, а од страна на СВР Струмица – ОВР Гевгелија по целосно документирање на случајот до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ПОПЛАДНЕВНА НЕВОЛЈА НА НЕБОТО: Локално можни пороен дожд, силен ветер и град

ДЕСК

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол

ДЕСК

СДСМ организира Меѓународна конференција „Скопска иницијатива“

ДЕСК