Centar.mk
НАУКАТЕХНОЛОГИЈА

Летечки автомобили до 2024 година – позната е и цената

Кинескиот производител на електрични возила Икспенг планира масовно производство на летечки автомобили чија цена нема да надмине 157.000 долари до 2024 година.

Оваа кинеска стартап компанија претстави прототип на возилото X2 развиен од ХТ Aero, подружница на компанија специјализирана за летечки автомобили.

Kомпанијата Икспенг дури минатата недела обезбедила преку 500 милиони долари од инвеститорите за овој продукциски проект.

Летечкиот автомобил се контролира на мала надморска височина со волан за возење по патишта и една рачка за режими на летање.

На веб-страницата Xpeng се наведува дека X2 може да прими две лица, има ротори кои можат да се преклопат кога возилото е во режим на патен сообраќај и се проширува кога лета и дека максималното време на лет е до 35 минути.

Можеби ќе ве интересира

За прв пат во историјата, астронаути се евакуирани од Меѓународната вселенска станица од здравствени причини

C +

ChatGPT Health пристигнува со јасна порака: поддршка за пациентите, не замена за лекар

C +

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

C +