Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кандидатот за градоначалник, Стевче Митревски ги повика граѓаните масовно да излезат в недела, да ја заокружат победата, по водството од првиот изборен круг

Кандидатот за градоначалник, Стевче Митревски ги повика граѓаните масовно да излезат в недела, да ја заокружат победата, по водството од првиот изборен круг.

Драги сограѓани, соседи, роднини и пријатели,
Недела е важен ден за Демир Хисар, важен за сите нас, да продолжи напредокот на нашиот роден крај.
Во недела е важно да гласаме, заедно да ја заокружиме победата.

Очекувам дека ќе ја потврдиме предноста од првиот круг, но и дополнително ќе ја зголемиме разликата.

Имам јасен план за понатамошен развој на нашиот убав Демир Хисар.

Вие почитувани граѓани правите разлика помеѓу мојата и понудата на мојот противкандидат.

Знаете дека проектите во мојата програма се остварливи и реални и дека ќе го унапредат квалитетот на живот во сите населени места.

Таквата разлика треба да се потврди и на денот на гласање.

Затоа в недела да излеземе масовно, да го искористиме своето право на глас, да заокружиме број 12.

Да гласаме за број 12 за да продолжи напредокот на Демир Хисар!

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК