14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ѓорѓи Спасов: Се меша ли Русија во македонските избори?

Кандидатурите на Арсовска, Котлар и на Јакимовски за Скопје, Центар и за Карпош и најавеното коaлицирање на Апасиев со Мицкоски во Градскиот совет, според универзитетскиот професор, се индиции за можна „изборна интервенција“ на Москва, која не е среќна со нашето членство во НАТО
Кандидатурите на Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје и на Наташа Котлар за Центар, како кандидатки поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, вегувањето на Стефчо Јакимовски во вториот круг во Карпош, најавената коалиција на Левица со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје…, според универзитетскиот професор и аналитичар Ѓорѓи Спасов се индици дека можеби Русија се меша во македонските избори, затоа што, како што посочува, не е среќна со нашето членство во НАТО.

„Таа не беше среќна, ниту со членството во НАТО на Црна Гора и таму вложи големи напори преку Српската православна црква и други српско-руски инсталации да ја смени власта и да ја разниша независноста на земјата.Кога веќе имаше моќ да се замеша во изборите за претседател на САД ,некој веќе требаше да помисли и дека ќе проба да им помогне на сите што се на нејзина страна во глобалниот судир со САД, па и на оние во Македонија. Сега пред вториот круг на локалните избори полека картите се отвораат“, пишува Спасов на Фејсбук.

Тој потоа ги набројува„сигналите“ кои упатуваат на можно мешање од Русија:

1. Има се поголем број индиции дека “независната ” кандидатка Данела за градоначник на Скопје е добро планирана инсталација од бугарските служби во соработка со режимот на Орбан и му е сервирана на Мицковски во замена за подршка. Таа дури откако се дознава за нејзиното бугарско државјанство, членувањето во Надзорниот одбор на бугарска банка и соработката со бугарското здружение “Тодор Александров” изјавува дека нејзина цел била “да се порази националното предавство на Заев” со кое Македонија стана членка на НАТО и на ЕУ.

2. Не случајно кандидат за градоначалник на општина Центар станува историчарката Наташа Котлар, која стана позната по своето остро противење на договорите со Грција и Бугарија и често говори за “предавничката”политика на Заев која таа ќе се борела да биде поразена.

3. Во првиот круг од локалните избори на општо изненадувње, во оштината Карпош не влегува во вториот круг докторот Оливер Зафиривски туку “независниот” Стефчо Јакимовски познат како Гагарин од Подржикоњ.

„Сето ова може на некого да му се чини како параноја и барање изговор за неуспехот на сдсм во првиот изборен круг. Но, заслужува да се размисли дали не станува збор за поголема политичка игра во која се вплеткани сериозно Бугарија, Русија, Орбан и Груевски и нивните политички миленичиња во Скопје .Ова што тие го прават не е коалиција за модерно Скопје, за булевари и електрични автобуси, тоа е коалиција против надворешната политика на Заев и на владата со која стекнавме меѓунаредон углед и станавме членка на НАТО“, оценува Спасов.

Целиот фејсбук статус на Ѓорги Спасов прочитајте го во продолжение:

Спонзорирано: