25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Заев од Карпош: Јавниот долг го намаливме за четири процентни поени, ВМРО-ДПМНЕ го зголеми двојно, да не дозволиме парите пак да ги трошат на барок, споменици и палми

Сакам да се обратам до нашите пензионери, постигнавме договор со сојузот на пензионерите, го вградувме вториот критериум порастот на платите како критериум за пораст на пензиите, секој почеток на јануари и секој почеток на јули ќе имаме покачување на пензиите од 300 до 700 денари во зависност од растот на платите во државата, најави вечерва Заев на средба со граѓани во општина Карпош.

Пред граѓаните, тој објави дека и покрај пандемијата, јавниот долг се намачува што е доказ за исправните политики во економијата на СДСМ и институциите кои ги предводи.

„ Еве вечерва соопштувам покрај тоа што растат платите за време на пандемија, ние сме ретка земја во светот, покрај тоа што паѓа невработеноста во проценти, можам да објавам утре ќе се објави дека намален е јавниот долг на државата од 64,4% на 60,6% намалување за 3,8 процентни поени. Секаде расте јавниот долг, кај нас е паднат јавниот долг. Ова е различно од дуплирањето на јавниот долг за времето на ВМРО-ДПМНЕ, за што беше тоа дуплирање? За жалби врби, за галии во Вардар, за споменици, за златни огради? За кич и фушерај? Епа апсолутно сме различни“ порача Заев.

Осврнувајќи се на понудата за вториот круг в недела, претседателот Заев посочи дека евидентна е разликата помеѓу Душко Вескоски и Петре Шилегов кои нудат напред наспроти Стевче Јакимовски и Данела Арсовска кои сакаат да не враќаат назад во режимот. ,

„ Да не дозволиме драги мои карпошани и скопјани, да не дозволиме ова што ни се случува во повеќе места а особено овде во Скопје. Навистина е најподмолен и најнаместен чин, државјанин на странска земја, за време на спорот со Бугарија да биде кандидат за градоначалник на Скопје.

Ние сме за едно општество за сите и немаме предрасуди за припадности на ниту една етничка припадност и немаме предрасуди, ние сме авангардата за едно општество на сите. Но, да лажеш, да манипулираш, со скриени намери и да продолжиш да лажеш, тоа е бесрамно. Тоа е понижување на нашиот народ. Затоа од овде ја повикувам Даниела да си даде оставка и да се повлече од кампањата затоа што ова е понижување и врз Скопје и врз целиот наш народ.

Да не дозволиме да ги излажат ниту младите, ниту постарите, ниту средните генерации. Не може младите да му веруваат на 61 годишниот Стевчо Јакимовски со сите колекции на партиски книшки во него, наместо на 36 годишниот Душко. Не може Душко којшто има и светско и европско искуство помалку да се залага за младите од еден Стевчо Јакимовски, не ни е непознато на нас кој е кој. Затоа овде имаме одличен избори, затоа вреди да се бориме, затоа ги имаме сите аргументи на свет. Да излеземе масовно во недела и да даде поддршка за бројот 12“ повика Заев.