Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Русковска на состанок со главниот бугарски обвинител, Иван Гешев

Во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, јавната обвинителка Вилма Русковска беше домаќин на Главниот обвинител на Република Бугарија Иван Гешев и јавниот обвинител и портпарол Сијка Милева кои се во дводневна посета на нашата земја.

​Во рамките на работната средба во фокусот на разговорите беше борбата против меѓународниот организиран криминал и корупцијата и превенција и сузбивање на тероризмот. Меѓу другото, обвинителите ја истакнаа и важноста од брзо постапување во меѓународната правна соработка, како и улогата што истата ја има во сузбивањето на транснационалниот криминал.

Иван Гешев и Вилма Русковска го истакнаа своето задоволство од досегашната соработка меѓу обвинителствата на Република Бугарија и Република Северна Македонија и надежите дека истата ќе продолжи и во иднина.​

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК