Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Илиевски: Во населбата Зелен рид ново детско катче и мини парк за најмалите

Денеска од нас. Зелен рид кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски истакна дека населбата во последниот период се шири, изградени се нови станбени згради, а со тоа се вселуваат и млади семејства.

„Неопходно се појавува потребата за рекреирање, дружење и забава за најмалите. Затоа, во програмата, предвидуваме детско катче и еден мини парк, нема повеќе да одиме во градскиот парк во Скопје, парковите и детските катчиња ќе си ги изградиме тука и тука ќе си ги раснеме нашите најмали“- рече Илиевски.

„По спроведените истражувања, забележавме дека граѓаните од овде сакаат да пешачат токму поради тоа, на улиците “Васко Карангелевски” и “Авној” како едни од подолгите улици во градот, ќе изградиме пешачки патеки по должина на истите и целосно ќе ги реконструираме и доасфалтираме и споредните улици. На сите улици ќе бидат изградени тротоари со дрвореди“- додаде тој.

Илиевски потенцираше дека програмата не е листа на желби, туку листа на обврски и приоритети кои на Куманово му се неопходни.

„Да инвестираме во нашите маала, во нашите деца, во нашата животна средина. Тоа е целта, но и должноста на еден градоначалник.“- заврши тој.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК