11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Илиевски на 21 ТВ: Димитриевски во 2017-та изгради 2км улици со 1 милион евра, во 2021 изгради 16км со исти пари, а го задолжи и Водовод за 1 милион евра

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за Градоначалник на Куманово на дебата на 21 ТВ истакна дека Димитриевски сега асфалтира улици, а кампањата му чини над 1 милион евра.

Илиевски истакна дека Димитриевски и неговиот тим во изборниот период асфталтираат улици низ градот, и велат дека се изградба на улици од донации
„Тие градежни компании кои ги извршуваат тие активности тие трчаат по гласови за Димитриевски. Димитриевски за 1 милион евра изгради 2км улици, за исти тие пари 1 милион евра во 2018 изгради 3км улици, во 2019 изгради 4 км улици за 1 милион евра, во 2020 4км улици со 1 милион евра, во 2021 1 милион евра изгради 16км.„

Илиевски потенцираше дека Димитриевски го задолжи јавното претпријатие Водовод 1 милион евра, долгот беше 7.3 милиони евра, сега должи 8.3 милиони евра.

Спонзорирано: