Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

14 штипјани ја пречекориле брзината

На 25.10.2021 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Од извршената контрола било констатирано дека 14 возачи ја пречекориле брзината на движење, од кои 12 во населено место и 2 надвор од населено место. Сите биле соодветно санкционирани.

Истиот ден во периодот од 10.00 до 16.00 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола биле констатирани 5 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани.

Санкционирани биле и 24 други видови на прекршоци од кои 17 за управување на возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 2 за технички неисправно возило и 2 за управување возило под дејство на алкохол.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК