Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев на Сител: Другари може да сме за по дома, на работа мораме да сме менаџери, затоа game chage

Game-change е наш континуитет на респонзивноста кон граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија. Тој кажа дека било забележано незадоволството поради неефикасноста на адресирањето на проблемите на граѓаните. 

-Затоа ќе одговориме со дигитализацијата. Со сигнализирањето за било која институција ќе имаме веднаш одговор каде е нешто закочено и ќе трепне црвеното светло. Не може по истечен рок се упте да не е издадена дозвола за градба што граѓанинот ја очекува, кажа Заев.

Како што истакна претседателот на СДСМ оваа алатка е вградена во многу земји и креира транспарентен систем.

-Другари и другарки можеме да бидеме по дома, но потребно е на работа да сме менаџери и ефикасни во решавањето на потребите на граѓаните, за да дадеме пуш на активностите на економскиот развој, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК