Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев во Вевчани: Одлуката е дали остануваме на вистинскиот пат кој носи успех, прогрес и развој на општините и државата, или ќе се враќаме во мрачното минато

Кога било најтешко сме носеле државнички одлуки и сме се бореле против режимот, рече Зоран Заев, лидер на СДСМ на вечерашната средба во Вевчани.

– Благодарение на тоа, денес Македонците го живеат својот сон, членка сме на НАТО и аспиранти за членство во ЕУ.

Останувам борец, секогаш и за сите наши идеали, силата ја црпам од вас граѓаните и сакам и вас да ве поттикнам да се борите, и никако да не дозволиме да се врати режим.

Ова е пресуден момент, не само за Вевчани, туку и за целата држава. Одлуката е дали остануваме на вистинскиот пат кој носи успех, прогрес и развој на општините и државата, или ќе се враќаме во мрачното минато.

Сега е моментот народот решително и одлучно да покаже дека борбата за напредна, модерна и европска држава продолжуваме да ја водиме ние.

Од овде од Вевчани, повикувам да се обединиме и да се бориме за подобро утре, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +