24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Шилегов: Не е сеедно каков град ќе биде Скопје, ние го правиме дом за сите

-Оваа сала вечерва ја покажува вистинската сила на граѓаните, а вашата сила и посветена работа ја влече метрополата напред, не е сеедено каков град  ќе биде нашето Скопје за кое работиме со многу љубов, со срце. Ова не е вмровски или сдсмовски град, Скопје е град на скопјани, наш заеднички дом, град кој се грижи за сите, без оглед на која страна на Вардар живеете, јас верувам само обединето и сплотено Скопје може да биде убаво место за живеење, каде секој ќе може да каже ова е мојот град, говореше кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, на граѓанскиот собир во Скопје.

-Изградивме повеќе инфраструктури проекти колку што немаше во 27 години наназад, чекор по чекор Скопје станува модерен и организиран град на 21 век, за овие четри години и јас научив многу, она што најдобро знам дека ништо не се постигнува лесно и брзо, туку со планирање, а нашите проекти нудат решение за идните 50 години, а тоа не се работи ниту брзо ниту лесно како што велат Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, појасни тој.

Шилегов рече дека одговорноста за градот се мери преку зелените оази изградени во минатите четири години како и квалитетот на воздухот.

– Ги исчистивме сите депонии и ги претворивме во паркови, а според новиот урбанистички план Скопје ќе биде град без тешка индустрија, важно е да  имаме добар превоз и најголема пешачка зона во Европа. Скопје веќе се менува, нови четри булевари, мостови, паркови, енергетски план, вело патеки, во следните четри години градот дополнително ќе се промени, за четри години нема да има гужва во сообраќајот, ако за четири години го намаливме загадувањето за една третина за уште четири нема ни да биде тема на разговор, тоа е визијата за градот, дополни тој.

Шилегов потсети дека за време на неговиот мандат се набавени новите 33 ман автобуси со висок квалитет, а не кинески и неквалитетни.