8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сепак имало притисоци врз историчарите, ама од Мицкоски, денеска уште еднаш самиот потврди

Иако пред само една недела му бил продолжен договорот  членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу  Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев,  денеска се повлече од работата на седумчлениот тим.

И додека останатите негови колеги и Владата го демантираат, лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го саботира процесот на преговори меѓу двете земји и да го загрози процеот за влез на Северна Македонија во ЕУ  повикувајќи ги и останатите членови да поднесат оставки.

-Шокиран сум од веста дека Ванчо Ѓоргиев поднел оставка од член на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, а веднаш ги повикувам и останатите членови на Комисијата да ја следат неговата постапка, изјави денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Оставката се случува во момент кога Комисијата онлајн ја одржува 15-та седница, која се случува во изборен период во двете земји – во Северна Македонија заврши првиот круг од локалните избори и тече кампањата во пресрет на вториот круг, а во Бугарија во тек е кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори, што се закажани за 14 ноември, со што се гледа тенденциозноста на постапката на Ѓорѓиев, а тоа е работа во корист на политички поени за ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓoрѓиев истакнува дека комисијата била под силен политички притисок од врвот на МНР и дека без негова согласност е прифатена промена на учебникот по историја но од македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија се изненадени од соопштението на Ѓорѓиев за неговата оставка.

-Со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение, велат тие.
Од Комисијата укажуваат дека  научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии.

По најновата средба која започна вчера, од Комисијата велат дека разменетите предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и црвените линии усвоени во Собранието, за кои што зборува Ѓорѓиев.

И Владата ги демантираше обвинувањата на Ѓорѓиев. Тврдат дека во ниту еден момент ниту се мешале, ниту имале какво било политичко влијание во работата на комисијата.

Објаснуваат дека Ѓорѓиев пред една недела со слободна волја го потпишал договорот за продолжување на неговиот ангажман како член на Комисијата.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, денеска на прес-конференција, тврдеше дека МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Бугарија.

Тој истакна дека за него е најважно Комисијата да продолжи со работа и оти МНР ќе продолжи логистички да го поддржи тој процес, и ниту се мешало ниту ќе дозволи да се меша во содржината и во одлуките што ги носат историчарите.

Според Османи, повеќе загрижува фактот што нема напредок на состанокот, „отколку тоа дали еден член поради различни причини се повлекол“.