25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицковски со закани кон Комисијата за историски прашања

Последната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски покажува јасно дека за него ова веќе не се само локални избори, туку гола борба за власт.
Христијан Мицковски уште не стапнат на посакуваната премиерска фотелја, отворено им се заканува на членовите на Комисијата за историски прашања, да внимаваат што преговараат и најдобро за нив ќе биде да ја напуштат таа, според него, така наречена комисија.

Ако Мицковски уште сега се заканува, каква иднина ја чека Македонија, ако тој навистина еден ден стане премиер.
Очигледно заканите ќе станат секојдневие кон сите кои не мислат исто со „лидерот“ и дека сите институции во кои нема членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат под силен притисок.
Поголем доказ од ова дека во ВМРО-ДПМНЕ се нема ништо променето во политиките од времето на Груевски, нема.
Мицковски со овој потег само ја открива својата намера да не ја почитува ниту заеднички договорената Декларација во Собранието, која патем тие ја подготвија, како основа за понатамошни разговори со Бугарија за изнаоѓање прифатливо решение со кое Македонија ќе го продолжи својот пат кон ЕУ како базична воља на граѓаните.

Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија во реакцијата по повод оставката на членот Ванчо Шоршиев наведува дека членовите се „крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение“, бидејќи, како што е соопштено, со Ѓорѓиев во изминатите три години се работело во Комисијата и биле донесени решенија за кои членовите сметаат дека се „добри“ и со кои сметаат дека „помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници“, стои во реакцијата.

Тие едновремено демантираат било какви политички притисоци од страна на Владата.
Оттаму очигледно е дека единствениот кој врши притисок врз работата на Комисијата е Христијан Мицковски.

Со овој чин Мицковски се очекува и да има сугерира каква историска вистина треба да прифати Комисијата.