Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Растат платите и понатаму: Просечната бруто-плата во август изнесува 42 776 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 104.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13.7 %) и Други услужни дејности (12.9 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (4.4 %), Уметност, забава и рекреација (3.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во август 2021 година, изнесува 42 776 денари.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК