3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Ако пиете аспирин за срце, треба да ги знаете информациите од новите истражувања на американски лекари

Аспиринот за срцето често го земаат луѓето секој ден за да се заштитат, бидејќи е моќен разредувач на крв, но сега американските лекари велат дека тоа не треба да се прави.

Пред неколку години, лекарите изјавија дека ниските дози на аспирин можат да спречат срцеви заболувања преку спречување на формирање на згрутчување на крвта. Сега, сепак, тој совет се менува особено за една група луѓе!

Зошто воопшто се препорачуваше аспирин на овој начин? Коронарната артериска болест, што значи дека тие се стеснуваат или се блокираат поради наслаги на плаки, е најчестата болест на кардиоваскуларниот систем. Кога артериите се стеснуваат и телото се обидува да ја контролира ситуацијата, се формираат згрутчување на крвта. Но, тие потоа можат да се заглават во претходно стеснетиот крвен сад и да го спречат протокот на крв со кислород до срцето или мозокот. Со други зборови, оваа болест може да предизвика срцев удар или мозочен удар.

Згрутчувањето на крвта станува се почесто како што старееме, а најмногу се подложни на тоа луѓето на возраст над 65 години. Затоа лекарите често препорачуваат превентивно да се зема аспирин, кој е разредувач на крвта. На оние кои се изложени на ризик им беше препорачано да земаат мали дози секој ден, како превенција. Сега „Њујорк тајмс“ објави нови препораки од американски лекари, кои се откажуваат од советувањето на пациентите постари од 60 години да земаат аспирин превентивно. Нивното предупредување се заснова на „зголемен доказ“ дека има повеќе несакани ефекти отколку позитивни.

“Не започнувајте да земате аспирин превентивно, освен ако специјално не ви препорача лекар. Веќе нема општа препорака сите пациенти изложени на ризик од срцеви заболувања да земаат аспирин”, вели д-р Сиен-Вен Канг.

„Примарната превенција мора да биде во согласност со групата што ќе почувствува корисен ефект и да има најмал ризик од компликации“, предупреди тој.

Компликациите вклучуваат крварење во мозокот, желудникот или цревата, а ризикот не е мал.

“Ако сте под 60 години, но немате историја на кардиоваскуларни заболувања, прашајте го вашиот лекар дали е потребно да земате аспирин. Но, ако имате над 60 години, не го земајте самостојно, бидејќи постои ризик од крварење”.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Овие хороскопски знаци се заљубуваат во физичкиот изглед, а не во срцето

M T

„Слави со срце, не со оружје“ – кампања на МВР и УНДП против пукањето на веселби

M T

Овој лек може да му наштети на вашето срце поради неговата скриена содржина на сол

M T

ХРАНА ЗА ЗДРАВО СРЦЕ – Нутриционистите советуваат која диета е најдобра за кардиоваскуларни пациенти

M T

Иран: Ќе го нападнеме срцето на Израел во случај на најмал потег против Исламската Република

M T

Фон дер Лајен: На ​​овој Меѓународен ден на жената, моето срце е со сите Украинки

M T