Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Гостивар

На 20.10.2021 околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Tетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(31) од гостиварски Вруток, поради сомнение дека сторил повеќе кражби и тешки кражби на гостиварското подрачје, меѓу кои и вчерапријавена кражба на патничко возило „ауди А3“, со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на К.П.(26) од Гостивар, кое било паркирано на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар.

Подоцна, возилото било пронајдено на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, додека кај Ф.И. биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои се наоѓале во возилото. Ф.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по комплетно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК