Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мотоциклист од Валандово се здобил со тешки повреди по удар од патничко возило

На 20.10.2021 околу 15.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на крстосница од улиците „Првомајска“ и „Лазар Колишевски“ во Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Џ.К.(19) од с.Дедели, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија, а увид извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК