Партијата за економски промени 21 (ПЕП 21), како дел од владиното стабилно мнозинство предводено од СДСМ, цврсто стои на ставот дека треба да продолжиме заедно да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, како и на развојот на државата.
– Даваме силна и целосна поддршка на владината коалиција предводена од СДСМ. Ги повикуваме сите граѓани во вториот круг на локалните избори, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, заокружувајќи го бројот 12, бидејќи така Северна Македонија ќе продолжи напред по демократски и европски пат.
Подобрувањето на животот и стандардот на сите граѓани во Република Северна Македонија и напредокот на земјата е највисока заедничка цел на владината коалиција предводена од СДСМ. Дека одиме во вистинската насока е и потврдата од Европската Комисија, која во последниот извештај за напредокот на земјата ја поздравува политиката на Северна Македонија во делот на зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата, порачаа од ПЕП 21.