23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Пораката е примена и само обединети ќе продолжиме напред

Ова е порака од гласачите и граѓаните, симпатизерите на прогресивната опција и таа порака ја сфативме многу јасно, кажа секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во гостувањето на ТВ24, коментирајќи ги резултатите од првиот круг од локалните избори.

-Пораката е примена и за нас е важно да останеме обединети за да продолжиме напред. Сакаат граѓаните реформите да одат побрзо, сакаат поотворени градоначалници и функционери. ВМРО-ДПМНЕ не ги качи гласовите и тоа значи дека имаме многу гласачи на кои можеме да сметаме, рече Маричиќ. 

Според него многу работи се направиле и многу општини изгледаат поинаку од претходно, додавајќи дека има многу нешта што се направени, но не биле оценети на изборите.

-Правиме анализи, ги слушаме граѓаните и мислам дека ќе победиме на 31 октомври, истакна Маричиќ.

Прашан за тоа дали евентуалната ароганција биле причина за неповолните резултатите за СДСМ, тој одговори дека арогантноста не е одлика што може да даде позитивни разултати во политиката.